Михаил Стојанов е ново засилување за Кожув

Кошаркарскиот клуб Кожув продолжува со засилување на својот состав за новата сезона, потпишувајќи договор со младиот македонски бек Михаил Стојанов.

Михаил Стојанов има 21 година и е висок 185 сантиметри. Тој во Гевгелија пристигнува од тимот на ТФТ Скопје. Со скопскиот клуб, Стојанов веќе има акумулирано сериозно искуство на домашната и на меѓународната сцена, настапувајќи во регионалната АБА 2 лига.

Во неговата досегашна кариера особено се издвојува одличниот индивидуален настап во сезоната 2025/26 против екипата на Златибор. На тој натпревар, младиот бек за 23 минути на теренот постигна 13 поени, со стопроцентен ефект во шутот (3/3 за два и 2/2 за три поени).

 

Се вчитува...