Михаилов: Прекините за Борец стануваат ‘ноќна мора’

Борец со минимален пораз од Струга ТЛ во 3. коло од ПМФЛ го заврши гостувањето покрај Охридското езеро. Велешани загубија во самиот финиш од дуелот по погодок од прекин, иако беа сосема рамноправен противник на стружани во меч кој беше реално за реми.

Шефот на стручниот штаб на Борец, Горазд Михаилов е свесен дека единствено тој еден прекин беше кобен за неговата екипа, но вели дека мора тимот сега да се насочи кон следниот предизвик и дуелот со Шкендија.

„Домаќинот со право се радува за победа која ја оствари со погодок од прекин. За нас прекините стануваат ноќна мора. Во претходниот натпревар исто така примивме гол од прекин, така и денеска. Мора што побрзо да го заборавиме овој натпревар и комплетно да се фокусираме на Шкендија“ – ни изјави Михаилов по вчерашниот дуел во Струга.

Се вчитува...