Михајло Арсоски го засили Пелистер

Доскорешниот играч на Црн Дрим, Михајло Арсоски е нов член на Пелистер откако центарот потпиша договор со важност до крајот на сезоната со „зелено-белите“. Во првиот дел од сезоната 25-годишникот одигра 14 дуели за стружани при кои бележеше просек од 8.2 поени и 5.4 скока по натпревар, а беше еден од лидерите на тимот во последните средби.

Покрај Црн Дрим, центарот во својата кариера броеше настапи и за МЗТ Скопје, АВ Охрид, Струмица и Вардар, а ова ќе биде втор пат да го облече дресот на битолскиот состав по сезоната 2018/19.

 

Се вчитува...