Михајло Михајловски: СЕХА ќе се реорганизира, помалку натпревари поголем квалитет

Претседателот на регионалната СЕХА Гаспром лига, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција пред завршниот дел од Ф4 турнирот во Скопје, соопшти дека лигата од следната година ќе се реорганизира. Целта е да се намали бројот на натпревари, а да се зголеми квалитетот.

„Ова е седми Ф4 на СЕХА, јас како граѓанин на Скопје и долги години инволвиран во ракометот имам големо задоволство што во Скопје по втор пат е домаќин и што Вардар е европски шампион и има освоено најмногу титули во СЕХА. На почетокот имаше многу скептици како ќе се развива, дали ќе опстои лигата. Ние што ја водиме СЕХА лига сме долги години во ракометот и тој спој на искусни работници и добар спонзор во Гаспром предонесе оваа лига да биде на тоа ниво на кое сме сега и од година во година да добиваме се повеќе пофалби и да функционираме на едно исклучително високо ниво. Ние секоја година имаме по неколку екипи од СЕХА што настапуват во Лигата на шампионите. Бидејќи увидовме дека некои клубови не може да играат и во Лигата на шампионите и во СЕХА и во домашните првенства, правиме напори да направиме реорганизација, да го намалиме бројот на натпревари, но да го подигнеме квалитетот. Ќе направиме се идната година СЕХА да биде уште поквалитетна“ – истакна Михајловски.

Специјалне гостин на завршниот Ф4 турнир во Скопје на кој вечер за седмата титула во СЕХА ќе се борат Вардар и Загреб, е претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

Се вчитува...