Михајлов: Струга ТЛ е фаворит на хартија, но верувам во ново финале за Силекс

Силекс за пласман во своето трето финале по ред во Купот на Македонија ќе се бори против Струга ТЛ на гостински терен. Кратовскиот тим играше две финалиња во последните две години, од кое во едно излезе како победник.

Ждрепката и очекувањата од полуфиналниот дуел ги искажа шефот на стручниот штаб на кратовци, Горазд Михајлов.

„Ждрепката посака да играме со Струга. Се игра еден натпревар во кој се е можно со оглед на тоа што годинава играме квалитетно на гостински терен. Можеби и добро е што играме во Струга. Сепак, тие се фаворити на хартија, а ние ќе покажеме на терен дека сме квалитетни и верувам во успех и трет последователен пласман во финалето“, рече Михајлов.

Се вчитува...