Михајловиќ: Фудбал пред празни трибини е како жена без цицки

Синиша Михајловиќ се надева дека играњето фудбал без празни трибини нема да трае уште долго, бидејќи според тренерот на Болоња натпреварите го губат својот шарм кога нема луѓе на стадионите.

„Се надевам дека ситуацијата со коронавирусот наскоро ќе се заврши бидејќи е с..ње да се игра без публика. Тој што вели дека играњето пред празни трибини е како жена без цицки, апсолутно е во право“, истакна Михајловиќ.

Притоа, српскиот стратег ги критикуваше новинарите бидејќи цело време го потсетуваат на неговата болест, откако Михајловиќ излезе како победник од битката со леукемијата.

„Мина цела година од мојата болест. Тешко ќе ја заборавам и без вас да ме потсетувате секојдневно дека имав леукемија. Беше прилично ужасна година, но децата и семејството беа добри“, порача Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...