Михајловиќ: Работата прави да се чувствувам жив

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ откри дека и покрај болеста морал да продолжи да работи како би се чувствувал жив. Српскиот стратег пред почетокот на сезоната објави дека боледува од леукемија.

„Веќе гледам светло на крајот на тунелот. Грижата која ми ја покажаа луѓето навистина ми помогна. Не сакав да херој, но на тој начин се соочувам со проблемите. Не сакам да бегам. Продолжив да работам тоа што го сакам бидејќи така се чувствував дека сум жив. Со нетрпение чекав да ги гледам тренинзите од мојата соба“, изјави Михајловиќ. 

Болоња во моментов е на 12. место во Серија А со освоени 19 бода.

Се вчитува...