Михајловиќ во нова борба за живот: Повторно ми се врати леукемијата, морам пак во болница!

Српскиот тренер и стратег на Болоња, Синиша Михајловиќ на денешната прес-конференција изјави дека повторно му е дијагностицирана леукемија.

По успешната борба со оваа болест, Михајловиќ повторно ќе мора да оди на терапија.

„Следната недела ќе морам да бидам хоспитализиран. Подготвен сум да извлечам уште една лекција. Оваа болест е навистина храбра и сака повторно да ме фати“, рекол Михајловиќ, а пренесуваат италијанските медиуми.

Српската легенда ќе направи мала пауза за да се подложи на лекување, а потоа јавноста дополнително ќе биде информирана.

На крајот на 2020 година, Синиша Михајловиќ објави дека успеал да ја победи леукемијата по година и пол борба.

 

 

 

Се вчитува...