Михајловски: Фадуил е последно засилување, затворен е тимот на Вардар за следната сезона

Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 продолжува со засилувањата за следната сезона, потврдувајќи го ангажманот на младиот француски интернационалец Матео Фадуил.

Се работи за 23-годишен среден бек кој доаѓа од редовите на Нант, каде имаше можност да учи од македонската легенда Кирил Лазаров. Фадуил важи за исклучителен потенцијал, што го потврдува и неговиот неодамнешен повик во сениорската репрезентација на Франција за подготовките за Европското првенство 2026.

„Можам да кажам дека утрово беше потпишан договорот со Мате Фадуил кој ќе биде последното засилување за Вардар. Ростерот за следната сезона е затворен со четирите нови имиња. Според мислењето на тренерот Иван Чупиќ, тимот ќе биде 40% посилен во следната сезона“, изјави Михајловски.

Со овој трансфер, „црвено-црните“ дополнително ја засилуваат бековската линија, најавувајќи високи амбиции за враќање на трофеите во Скопје.

Се вчитува...