Михајловски со подароци за Борко Ристовски и за Стојанче Стоилов (фото)

Долгогодишниот претседател на РК Вардар, Михајло Михајловски, пред почетокот на големото дерби со Еурофарм Пелистер им даде пригодни подароци на Стојанче Стоилов и на Борко Ристовски за сето она што долгогодишните македонски репрезентативци го сторија за „црвено-црните“ за време на нивните професионални кариери.

Ристовски сега е извршен директор, додека Стоилов е дел од стручниот штаб, двајцата останаа лојални на Вардар и по завршувањето на кариерите.

Двајцата од Михајловски добија пригодни подароци, како и врамен дрес од РК Вардар…

Се вчитува...