Михал Пинтер е првото засилување на Вардар

Словачкиот стопер Михал Пинтер е првото зимско засилување за екипата на Вардар. „Црвено-црните“ го ангажираат досегашниот стопер на Шкупи за ново име во одбранбените редови, каде што Вардарци имаа доста проблеми во есенскиот дел.

30-годишниот Пинтер во минатото играше  и за Татран, Злате Моравце, а бил дел и од младинските селекции на Словачка.

Вардар во исто време преговара со уште неколку играчи. На „радарот“ е Влатко Стојановски од Работнички, како и голманите Илиев и Талески. Исто така можно е доаѓање и на повремениот репрезентативец Тодор Тодороски кој е пред напуштање на Романија.

Се вчитува...