Легендарниот фудбалер Предраг Мијатовиќ во интервју за шпанските медиуми зборуваше за времето поминато во Југославија. Мијатовиќ зборуваше за животот пред, за време и по драматичните деведесетти, се наврати на преселбата во Валенсија каде што дојде како анонимна личност и стана легенда.
Тој зборуваше и за тешкиот период за време на бомбардирањето во 1999 година, кога го напушти Реал и се пресели во Фиорентина поради недоразбирање со тренерот Џон Тошак, а а пред се за животот во поранешна Југославија.
„Југославија беше одлична земја во која луѓето живееја прекрасно. Нашите родители беа среќни, добија одлично образование, одеа на бесплатни универзитети, работеа во големи компании кои им подаруваа станови. Тоа беше многу интересна земја со повеќе од 20 милиони луѓе во кои имавме сè – индустрија, култура. Мислам дека тогаш животот беше многу подобар. Затоа морам да кажам дека сè уште сум Југословен. Јас сум Црногорец и Шпанец, но дел од мене е сè уште Југословен“, Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА