Мијатовиќ од Блокотехна – МВП на БИБЛ-лигата

Данило Мијатовиќ од Блокотехна е освојувач на признанието за МВП на сезоната во БИБЛ-лигата. Српскиот кошаркар и оваа сезона прикажува извонредни игри во дресот на клубот од Гевгелија, па сосема заслужено се закити со наградата.

Мијатовиќ поради повреда не е дел од експедицијата на Блокотехна на Ф4 турнирот во Тирана, а во негово име наградата ја прими најмладиот член на оваа екипа, Александар Колев.

Блокотехна и лани го имаше најкорисниот кошаркар во БИБЛ-лигата, Американецот Бенџамин.

Македонскиот тим во својот втор фајналфор турнир утре ќе го игра првото финале, и тоа против домаќинот Теута.

Се вчитува...