Мијатовиќ: Срцето на ЕВРО 2020 ќе ми бие за Македонија и мојот пријател Мрме

Една од најголемите фудбалски легенди во поранешна Југославија, Црногорецот Предраг Мијатовиќ, не крие дека неговото срце ќе биде за Македонија и неговиот пријател Игор Ангеловски на престојното Европско првенство 2020.

„Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач на ЕП, но ако ме прашувате би сакал Хрватска да го повтори успехот од последниот Мундијал, и секако со цело срце ќе бидам и за Македонија. Селекторот Игор Ангеловски е мој пријател и навистина ми е многу мило што со неговиот тим дојде до историскиот успех“ – вели Мијатовиќ за српски „Блиц“.

Анализирајќи го престојното Европско првенство, Мијатовиќ потенцира дека Франција, според него, е прв фаворит за титула, заедно со Германија, Португалија и Белгија.

„Ми се чини дека на секое големо натпреварување се издвојуваат истите селекции. Така ќе биде и сега. Не треба да се трошат зборови за квалитетот на Франција. Ми се чини дека тие се најкомплетна екипа на турнирот, но не сакам да ги заборавам и Португалија со големиот Роналдо, како и Германија, која 25 години чека на европска титула. Шпанија и Италија имаат добри тимови, како и Белгија, иако неблагодарно е да се прогнозира“ – дополнува Мијатовиќ.

Се вчитува...