Мијатовиќ: Зидан направи целосна „утка“ во формацијата против Челси

Челси го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат 3-1. На реваншот во Лондон, Челси победи со 2-0 и целосно го надигра шпанскиот шампион. Виновник за ваквата елиминација на „кралевите“ е Зинедин Зидан, вака барем смета легендарниот Црногорец, Предраг Мијатовиќ.

Предраг вели дека менаџерот на Реал направил целосна утка во тактиката, а се’ помалку верува и дека „кралевите“ можат да дојдат до титулата во Шпанија.

“Челси беше супериорен во секој поглед. Имаа одличен интензитет, победнички ритам, создадоа многу шанси … Го сакаме Зидан, тој направи многу, но вечерва стори се што не треба, погреши во целосната тактитка. Овој пораз ќе му нанесе голема штета на Зидан. Така беше и минатата година, но ја освои Ла Лига па донесе трофеј за Реал. Кога почнаа да играат, видовте дека играчите на Реал не сакаат да ја менуваат тактиакта на теренот. Со слабиот Винисиус, кој играше на позиција што не му одговараше, Реал практично не стори ништо. Ќе видеме што ќе биде во Ла Лига, имам чувство дека Реал нуди малку за да можам да мислам дека сезоната ќе заврши добро“, заклучи Мијатовиќ.

Се вчитува...