Мика Муринен има нов клуб, ќе го води легендарен тренер

Финскиот крилен центар Мика Муринен одлучи да ја продолжи кариерата на Универзитетот во Арканзас и ќе игра во НЦАА лигата.

Поранешниот играч на Партизан ја потврди оваа одлука за ЕСПН. Таму ќе го пречека легендарниот тренер Џон Калипари, кој е во „Рејзорбекс“ од 2024 година. Пред да дојде во Србија, талентираниот Финец играше за неколку средни училишта во САД, а потоа потпиша за Партизан. Пред да пристигне во Белград, во текот на есента 2024 година, тој беше во официјална посета на Арканзас.

„Уште од мојата посета пред година и пол, тие беа упорни и максимално посветени да ме доведат. Покажаа интерес од самиот почеток. Беа постојани и се обидуваа да ме запознаат како личност, а тоа многу ми значеше“, изјави Муринен.

Се вчитува...