Милан го купува Рикардо Родригез

Италијанскиот калчолигаш Милан тргна во шопинг за новата сезона, со оглед дека нема веќе големи амбиции во самиот финиш од Серија А. Раководството на клубот го обезбеди потписот на швајцарскиот интернационалец Рикардо Родригез од бундеслигашот Волфсбург. Одличниот лев бек ќе пристигне на „Сан Сиро“ за сума од 18 милиони евра, а Милан успеа да го придобие пред ПСЖ, Челси и Интер, кои исто така беа заинтересирани за овој одличен 24-годишен фудбалер.

Ова ќе биде второто засилување за Милан во летниот преоден рок, откако претходно е договорено и доаѓањето на дефанзивецот Матео Мусакио од Вилјареал.

Се вчитува...