Милан го растури Лацио на „Олимпико“, Јувентус веќе се подготвува за титула (ВИДЕО)

Милан ја одигра најдобрата партија по рестартот на сезоната во Серија А, триумфирајќи на гостувањето против Лацио со убедливи 0-3.

„Миланезите“ го отворија резултатот со голот на Чалханоглу во 23. минута, а Ибрахимовиќ од пенал во 34. минута веќе зголеми на 0-2. Конечните 0-3 ги постави Ребиќ во 54. минута од натпреварот.

 

Овој пораз за Лацио значеше, во голема мера, и збогувања од трката за титулата. „Лацијалите“ сега заостануваат зад Јувентус цели седум бода.

Се вчитува...