Милан го стави и Нкунку на трансфер листа

Милан подготвува големи промени во својот состав пред затворањето на летниот трансфер-прозорец, а меѓу играчите кои би можеле да го напуштат клубот се најде и едно изненадувачко име – Кристофер Нкунку.

Според информациите на „Скај Спорт“, на состанокот во клупската база сопственикот Џери Кардинале, тренерот Рубен Аморим и спортско-техничкиот сектор разговарале за фудбалерите на кои Милан би можел да им се заблагодари до крајот на преодниот рок.

На листата веќе се наоѓаат Фикајо Томори, Давид Одогу, Первис Еступињан, Филипо Терачано, Јусуф Фофана и Сантијаго Хименез, за кого Милан преговара со Порто.

Сепак, најголемото изненадување е Нкунку. Французинот до неодамна се сметаше за важен дел од плановите на Аморим, но според најновите информации, португалскиот стратег сепак нема да смета на него.

Нкунку пристигна во Милан минатото лето од Челзи за 37 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Во 37 настапи за „росонерите“ постигна осум гола, од кои дури пет беа од пенал, и запиша три асистенции.

Се вчитува...