Италијанскиот гигант Милан, пројавува сериозен интерес кон аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, соопштуваат медиумите во Италија и во Аргентина. „Росонерите“ веќе стапиле во контакт со Аргентинецот за евентуален трансфер.
Моменталниот член на Бока Јуниорс, ужива статус на ѕвезда во клубот, и нема намера да го напушти тимот. Но, евентуална добра понуда би можела да го премисли аргентинскиот репрезентативец. Според информациите, се споменува сума од 15 до 20 милиони евра.
32-годишниот Паредес во текот на својата кариера играше во Јувентус, откако една сезона беше позајмен во редовите на „Старата дама“, а потоа од 2023 до 2025 година беше дел од Рома, од каде замина во Бока Јуниорс. Претходно беше во Рома три сезони, играше и за Киево, и за Емполи по една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
