Милан има пеколен план: Левандовски во нападот од јануари?!

Милан имаше полн погодок со трансферот на Лука Модриќ откако хрватскиот ветеран се наметна како еден од најдобрите фудбалери во Серија А иако се наоѓа на залезот на својата кариера.

Сега управата на италијанскиот гигант кове нов пеколен план, заедно со Модриќ да донесе уште еден ветеран од Примера дивизион, и тоа Роберт Левандовски од редовите на Барселона. „Росонерите“ се мачат во нападот и им недостига класична „деветка“, а директорите и тренерот Алегри се убедени дека Полјакот ќе има идентичен импакт како и Модриќ, па веќе ги стартуваа преговорите за негов трансфер.

Левандовски има договор до јуни 2026, така што во јануари неговата цена ќе биде минимална. Ќе пресуди самата желба на фудбалерот, кој на маса има богата понуда од Саудиска Арабија, но останува да се види дали пред крајот на кариерата како многумина ќе тргне по парите или ќе го следи примерот на Модриќ и ќе остане во кремот на европскиот фудбал до закачувањето на копачките на клин.

Желба на искусниот голгетер е да остане во Барса, но управата на клубот има поинакви планови и веќе бара нов голгетер за следната година. Згора на тоа, тренерот Флик го остава Левандовски на клупата, на речиси сите важни натпревари тој влегува во игра дури во второто полувреме, што може да го забрза процесот на неговото заминување и дефинитивно ги зголемува шансите на Милан да го доведат Полјакот на „Сан Сиро“.

Се вчитува...