Милан инвестираше во иднината – два „бисери“ пристигнуваат на „Сан Сиро“

Милан на последниот ден од преодниот рок инвестираше во иднината и успеа да ги доведе Јасин Адли и Чака Траоре во своите редови. 21-годишниот Адли на „Сан Сиро“ ќе пристигне од редовите на Бродо, но во јуни 2022 година бидејќи останува на позајмица во францускиот тим до крајот на сезоната.

Траоре пак важи за еден од најголемите таленти на својата генерација. 16-годишниот јуниорски репрезентативец на Брегот на Слонова коска во Милан доаѓа од Парма со која веќе забележа три настапи во Серија А.

Покрај овие двајца „бисери“, Милан вечерва ја договори и позајмицата на плејмејкерот Жуниор Месиас, кој доаѓа од Кротоне за сума од 2,6 милиони евра.

Се вчитува...