Милан ита кон титула… Леао донесе триумф над Фиорентина (ВИДЕО)

Милан ита кон титула во Серија А. Во 35. коло од италијанскиот шампионат „миланезите“ дојдоа до повеќе од тешка но значајна победа против секогаш незгодната Фиорентина со 1-0.

Три бода за Милан кои ги донесе Леао со својот гол во 82. минута од средбата.

Долго се мачеа „црвено-црните“ да дојдат до посакуваниот погодок кој на крај му успеа на Леао за три бода. Со овие три бода Милан сега е со пет бода предност во однос на второпласираниот Интер кој има и натпревар помалку.

Во вториот попладневен денешен дуел во Серија А, Торино со 1-3 славеше на гостувањето против Емполи.

Се вчитува...