Рубен Аморим прави сериозен ремонт во играчкиот ростер на Милан, португалскиот стратег веќе стави до знаење дека очекува клубот да го напушти неговиот сонародник Рафаел Леао, а заедно со него отпишан одновиот тренер е и Кристоф Нкунку.
Французинот имаше многу проблеми со повредите минатата сезона, а Аморим воопшто не беше импресиониран од она што го виде од Нкунку во текот на подготовките, па без размислување го приклучи на трансфер-листата на „росонерите“. Нкунку воопшто не патуваше со тимот за мечот со Манчестер јунајтед, а италијанскиот тим во меѓувреме ја одреди и цената што очекува да ја заработи за овој фудбалер.
Станува збор за 35 милиони евра, колку што Милан плати кога го носеше овој фудбалер од Челси. Борусија Дортмунд, Лајпциг и Рома се тимовите што покажуваат најсериозенн интерес, ниту еден од нив не испрати понуда за трансфер, па „росонерите“ најверојатно ќе бидат пронудени на позајмица на Нкунку, во која ќе инсистираат да биде вклучена клаузула за задолжителен откуп следното лето, за вкупно 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
