Милан успеа да се ослободи од еден од фудбалерите на кои Рубен Аморим не смета за новата сезона, откако „росонерите“ постигнаа договор со Лајпциг за едногодишна позајмица на Кристоф Нкунку.
Францускиот напаѓач најдобриот фудбал во кариерата го играше токму во Лајпциг, по што преку Челси заврши во Милан, но не се прослави премногу во таборот на „росонерите“. Нкунку имаше на маса уште неколку интересни понуди, но ја прифати онаа на Лајпциг, по што клубовите во текот на викендот разговараа и конечно најдоа заеднички јазик.
Бундеслигашот ќе плати 3,5 милиони евра за едногодишната позајмица на Нкунку, кој ќе има опција следното лето целосно да го откупи неговиот договор за дополнителни 30 милиони евра.
По разделбата од Нкунку, сега приоритет за Милан станува заминувањето на Рафаел Леао, за кого не постои преголем интерес со исклучок на турските гиганти Галатасарај и Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
