Милан ќе биде исфрлен од Европа, има само една дилема…

Милан нема да се спаси како ПСЖ од ригорозна казна поради нарушување на правилата за финансиски фер-плеј. Двата планови за санација на долгот предложени од италијанскиот гигант беа отфрлени од страна на УЕФА, па денеска во Нион се одржа и рочиште против „росонерите“.

Едно е јасно, расположението во таборот на Милан е крајно песимистичко. Пораките од Швајцарија се јасни – ќе следи казна со исклучување од европските натпреварувања, што би значело дека тимот на Џенаро Гатузо во следната сезона нема да биде дел од Лигата на Европа. Единствената дилема е дали казната ќе биде на една или две години, што би претставувал уште поголем удар во обид да се состави конкурентен тим за враќање на врвот на италијанскиоот фудбал.

„Росонерите“ веќе најавиле дека во секој случај ќе се жалат до спортскиот суд во Лозана, но и повеќе од јасно е дека со било каква посериозна санкција ќе следи и парична казна, што ќе се одрази и врз буџетот за засилувања за наредниот преоден рок.

Се вчитува...