Милан и Комо постигнаа договор за трансферот на италијанскиот репрезентативец Самуеле Ричи, кој кариерата ќе ја продолжи во тимот предводен од Цеск Фабрегас.
Според информациите, Ричи ќе замине во Комо на едногодишна позајмица, за која Милан ќе добие 1,5 милиони евра. Во договорот ќе биде вклучена и опција за откуп вредна 22 милиони евра, плус дополнителни бонуси зависно од резултатите на клубот.
Ричи во Милан пристигна од Торино и минатата сезона забележа 34 настапи, при што постигна еден гол. Сепак, по доаѓањето на новиот тренер, тој постепено ја загуби позицијата во средниот ред и побара нова средина.
За неговите услуги во текот на летото интерес покажуваше и Аталанта, но 24-годишниот фудбалер на крајот се определил за Комо. Една од причините е и можноста да работи со Фабрегас, кого Ричи исклучително го почитува.
Комо во Ричи добива квалитетно засилување во средниот ред, а клубот сака дополнително да го засили составот за настапите на европската сцена.
Доколку Комо се одлучи да ја активира клаузата, Ричи по завршувањето на сезоната трајно ќе го напушти Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
