Милан забележа само една победа во последните пет кола од Серија А, падна на седмата позиција, а проблемите на Винченцо Монтела се уште поголеми по повредата на еден од клучните фудбалери на оваа екипа. Џакомо Бонавентура го постигна водечкиот погодок на гостувањето против Удинезе, за нешто подоцна плејмејкерот на „росонерите“ да заработи повреда на мускулот што воопшто не е наивна.
„Џакомо Бонавентура отпатува за Финска, каде во текот на утрешниот ден врз него ќе биде извршен хируршки зафат од страна на Професор Сакари Орава. Станува збор за операција на тетивата на левата нога, а рехабилитацискиот период ќе изнесува меѓу два и четири месеци“ – објавија од лекарскиот тим на Милан.
„Росонерите“ синоќа го официјализираа доаѓањето на Окампос од Џенова, кој дополнително ќе ја засили офанзивната линија што не функционира според очекувањата на стручниот штаб на чело со Монтела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА