Милан тргна со две победи на сартот на новата сезона, но управата на клубот планира да доведе најмалку уште едно засилување на располагање на тренерот Рубен Аморим.
„Росонерите“ се во завршна фаза за потпис на Омари Хачинсон, англискиот фудбалер за врска кој треба да пристигне од редовите на Нотингем форест. Тој го загуби првотимскиот статус кај „шумарите“ кои дозволуваат Хачинсон да замине на позајмица без клаузула за задолжителен откуп, опција што му одговара и на италијанскиот калчолигаш.
Во Милан не гледаат на Хачинсон како на сигурен стартер, туку како покритие во средниот ред, особено откако Ричи доби зелено светло и замина на позајмица во Комо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
