Милан остана без тренери

Милан се соочува со сериозни проблеми пред големото дерби со Наполи, откако остана без првиот и помошниот тренер кои се позитивни на коронавирусот.

По позитивниот тест на Стефано Пиоли, тимот ќе остане и без Џакомо Мурели кој мора во карантин, а токму тој беше предвиден како предводник на Милан на „Сан Паоло“ во неделното дерби.

Росонерите, кои не се порезени во досегашниот дел од сезоната се наоѓаат на врвот на табелата во Италија влегуваат во дуелот со Наполи како фаворити, а донесена е одлука тимот на дуелот со „наполитанците“ да го води поранешниот дефанзивец Даниеле Бонера, кој сега е дел од стручниот штаб на Пиоли.

Се вчитува...