Милан плати 50 милиони евра за нов лев бек

Милан продолжува со сериозни инвестиции во играчкиот кадар, па „росонерите“ по рекордниот трансфер на Гонсало Рамош од ПСЖ, повторно тргнаа на шопинг во францускиот шампионат.

Диего Мореира од Стразбур ќе биде најново засилување на тимот на Рубен Аморим, откако пресудна се покажа желбата на самиот фудбалер да заигра за Милан, а не за Рома, која исто така покажа сериозен интерес. Стразбур одби 40 милиони евра од „волчицата“ за белгискиот младински репрезентативец, а „росонерите“ се согласија да издвојат вкупно 50 милиони за да го осигураат потписот на овој фудбалер.

Белгиецот минатиот месец објави фотографија како тренира во дрес на Милан, потврдувајќи дека е голем фан на овој италијански гигант и дека сонува да го облече црвено-црниот дрес.

Станува збор за играч кој одлично се снаоѓа како лев бек, но и во поофаанзивна улога, а неговиот ангажман е уште еден знак дека во Милан се подготвуваат за заминување на Рафаел Леао.

Се вчитува...