Милан привремено без тренер

Милан привремено остана без шеф на стручниот штаб откако денеска беше објавено дека Стефано Пиоли е позитивен на коронавирус.

„Можеме да објавиме дека Стефано Пиоли беше позитивен на последните брзи тестови што беа извршени врз нашиот тим утрово. Информирани се здравствените власти, тренерот кој нема никакви симптоми од болеста веднаш замина во карантин во својот дом. Сите останати тестови се со негативен резултат“, објави раководството на Милан.

Денешниот тренинг на „росонерите“ беше откажан, а Пиоли најверојатно нема да го води тимот во следното коло кога „росонерите“ го играат големото дерби против Наполи.

Се вчитува...