Милан против Арсенал, добар ждреб за Ристовски во Лигата на Европа

Европските гиганти Милан и Арсенал беа извлечени еден против друг во осминафиналето од Лигата на Европа. „Топчиите“ се вбројуваат меѓу главните конкуренти за освојување на трофејот во Лигата на Европа, но избраниците на Венгер ги очекува тежок предизвик против „росонерите“, кои играат препородено под водство на Арсен Венгер.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски може да биде задоволен од денешниот ждреб откако неговиот Спортинг Лисабон за противник го доби чешкиот претставник Плзен.

Лајпциг по елиминацијата на Наполи го очекува нов тежок двомеч, овојпат против Зенит, Борусија Дортмунд ќе ги одмери силите со Салцбург, додека Атлетико Мадрид ќе се сретне со Локомотив Москва.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Лацио – Динамо Киев

Лајпциг – Зенит

Атлетико Мадрид – Локомотив Москва

ЦСКА Москва – Лион

Ол. Марсеј – Атлетик Билбао

Милан – Арсенал

Спортинг Лисабон – Плзен

Борусија Д. – Салцбург

Се вчитува...