Милан Ристовски асистент во убедливата победа на Спартак Трнава

Спартак Трнава им се врати на победи во словачкото првенство. Тимот за кој настапува Милан Ристовски славеше на гостувањето кај Маравче со 0-3, а активно учество во резултатот имаше и македонскиот репрезентативец.

Напаѓачот асистираше до Стефаник за вториот гол на својот тим, забележувајќи ја третата асистнција во тамошната лига. Македонецот можеше да се запише и во листата на стрелци, но промаши обид од белата точка во 75. минута од мечот.

Со денешната победа Спартак ја продолжи трката со Слован Братислава за првата позиција на табелата. Сега тимот на Ристовски со шест победи, четири нерешени средби и само два порази заостанува четири бода зад лидерот на табелата.

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...