Милан Ристовски двоен асистент, но Спартак загуби од Ружомберок

Македонскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски, покажува добра форма пред настапите во септемврискиот циклус во Лигата на Нации. Ристовски денеска беше во улога на двоен асистент за својот тим, меѓутоа на крајот недоволно за избегнување на поразот од Ружомберок (3-2).

Ристовски асистираше до Буката во 24. минута за 1-1, а потоа и до Миковиќ за намалување на водството до 3-2, но Спартак не успеа да го избегне поразот.

За Спартак ова беше втор пораз во сезоната. Досега Милан Ристовски има постигнато два гола.

Се вчитува...