Милан Ристовски ја води Трнава кон европските натпреварувања

Македонскиот интернационалец Милан Ристовски е еден од главните „виновници“ за одличната сезона на Спартак Трнава во словачкиот шампионат. Ристовски повторно сезонава беше стрелец за својот клуб во триумфот над Тренцин со 2-0, откако прецизно стрелаше во 13. минута.

Трнава во моментов се наоѓа на 3. место на првенствената табела, позиција која следната сезона води во европските натпреварувања.

 

Се вчитува...