Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски открива за хрватските медиуми дека постојано го провоцира неговиот брат Стефан да се врати во Ријека, од каде претходно замина во португалскиот Спортинг Лисабон.
Но, сезонава Стефан Ристовски е во немилост на клубот и кај тренерот Рубен Аморим откако одби трансфер во Динамо Москва, па се поизвесна е разделбата со Португалците.
„Постојано го провоцирам Стефан да се врати во Ријека, а тој ми одговара: ‘Малку ми недостасува’“ – вели Милан, кој моментално се опоравува по скршеницата на скочниот зглоб.
Милан потенцира и дека Стефан се чувствува добро во моментиве додека минува во изолација поради позитивниот тест на коронавирусот.
„Добро се чувствува Стефан, има некои симптоми, но не е тоа ништо страшно“ – дополнува Милан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА