Милан само до бод против Торино на „Сан Сиро“

Милан не успеа да стигне до триумф против Торино. „Росонерите“ беа подобар противник, но Торино ремизираше без голови и си заминува од „Сан Сиро“ со еден освоен бод.

Џенаро Гатузо се определи за Игуаин и за Кутроне во навалната линија, но тие не можеа да пронајдат пукнатина во цврстата одбрана на гостите.

Милан по 15 одиграни кола во Серија А се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 26 освоени бода, три помалку од градскиот ривал Интер кој е третопласиран.

Се вчитува...