Милан се извлече во градската пресметка: Запата донесе реми во фотофиниш

Милан успеа да дојде до реми (2-2) против големиот ривал, постигнувајќи гол во осмата минута од судиското продолжение. Кристијан Запата беше стрелец на израмнувачкиот погодок. Овој дуел се играше во пладневен термин, за огромниот аудиториум во Кина, со оглед дека и двата клуба сега имаат кинески сопственици.

Антонио Кандрева во 36.минута го доведе Интер во водство, а капитенот Мауро Икарди зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме. Надеж за Милан даде голот на Ромањоли во 83.минута, а „росонерите“ стигнаа до израмнување на овој дуел во фотофинишот.

Inter Milan vs AC Milan 2-2 All Goals… by sports-live12-2 Cristian Zapata Goal 15.04.2017 HD by dailyfootballkick

Се вчитува...