Милан се ослободи од уште еден фудбалер на чии услуги Рубен Аморим не сметаше на стартот од сезонава откако Сантијаго Хименез синоќа ја комплетираше позајмицата во редовите на Порто.
Хименез пристигна од редовите на Феенорд најавен како нов предводник на нападот на Милан, но честите повреди со спречија Мексиканецот да ги оправда големите очекувања.
Тој не беше најстандарден ниту минатата сезона, по што реши летово да ги смени клупските бои, избирајќи го Порто за следна дестинација во кариерата.
Португалците ќе платат 4 милиони евра за позајмицата, а има и клаузула за откуп за дополнителни 18 милиони евра што ќе биде активирана доколку Хименез постигне одреден број голови за новиот клуб сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
