Милан во голем стил го одигра дербито против Наполи триумфирајќи со 1-3 среде Неапол, но огромен проблем за „росонерите“ претставува повредата што Златан Ибрахимовиќ ја заработи во финишот од овој натпревар.
Шведскиот голгетер постигна два гола на „Сан Паоло“, но пред крајот на мечот се пожали на болка во мускулот, и тоа во моменти кога околу него немаше ниту еден противнички фудбалер. Веднаш му беше укажана лекарска помош, по што Ибрахимовиќ беше заменет, а денеска треба да му бидат извршени детални прегледи со кои ќе биде утврдено колку ќе изнесува неговата пауза од терените.
Милан во следното коло од Калчо-лигата ја пречекува Фиорентина, по што ќе следи гостување на Сампдорија и домашен натпревар со Парма. Меѓу овие средби ќе следат три дуели од Лигата на Европа, со Лил, Селтик и со Спарта Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА