Голманот на Милан, Мајк Мањан, го одложил своето враќање на предсезонските подготовки на тимот, додека во исто време се појавија информации за обновен интерес од саудискиот Ал-Наср.
Францускиот голман и минатото лето беше блиску до заминување од Милан, откако Челси испрати сериозна понуда за неговите услуги. Сепак, „росонерите“ тогаш одлучија да не го пуштат еден од своите најважни играчи.
Мањан беше убеден да остане во клубот од страна на тогашниот тренер Макс Алегри, директорот Игли Таре и тренерот на голманите Клаудио Филипи. Сепак, сите тројца во мај добија откази, откако Милан не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Иако Мањан во меѓувреме потпиша нов договор со Милан, кој е со важност до јуни 2031 година, неговото незадоволство од ситуацијата во клубот очигледно останува.
Според последните информации, Ал-Наср повторно покажал интерес за голманот, а ситуацијата би можела дополнително да се развива во наредните недели.
Милан ќе мора внимателно да ја следи ситуацијата, особено ако пристигне сериозна финансиска понуда од Саудиска Арабија за голманот кој минатото лето беше убеден да остане на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
