Милан си резервираше дуел со Јувентус во четвртфиналето од Купот на Италија

Екипата на Милан е четвртиот четвртфиналист во Купот на Италија, откако во осминафиналната пресметка славеше со 2-1 против Торино.

„Миланезите“ до победата дојдоа со пресврт во второто полувреме. Во првиот дел гостите дојдоа до предност со голот на Белоти во 27. минута. Милан израмни преку Куцка во 61. минута, а Бонавентура во 64. минута ја донесе победата и пласманот во четвртфиналето.

All Goals & highlights HD – AC Milan 2-1 Torino… by enteritament

Во четвртфиналето, кое е на програмата на 25. Јануари, Милан ќе се сретне со екипата на Јувентус.

Се вчитува...