Милан среќно до победа над Фиорентина (ВИДЕО)

Во интересен и возбудлив натпревар, Милан го совлада тимот на Фиорентина со 2-1, и така ја продолжи битката за Скудетото. „Росонерите“ стигнаа до победа во 92. минута благодарение на грешката на голманот Терачано и автоголот на Миленковиќ. 

Само моменти претходно Томори од самата гол линија спасуваше водство на „виолетовите“, а веќе во следната акција Милан дојде до триумф, иако играше многу бледо.

Милан добро почна, и имаше водство со голот на Леао уште во 2. минута. Но, Барак во 28. минута успеа да израмни. Потоа и двата тима имаа шанси, за во финишот повеќе среќа да имаат „росонерите“ и да стигнат до победата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...