Пелистер доживеа неочекуван пораз (0-1) од второлигашот Шкендија Арачиново и елиминација во осминафиналето од Купот на Македонија.
Новиот тренер на битолчани Милан Стојановски, по мечот истакна дека е незадоволен од еден ваков исход, и дека очекувал многу повеќе од натпреварот.
,,Очекував многу повеќе од оваа утакмица, бидејќи добро ја одигравме контролката против Динамо — иако беше пријателска, очекував победа. Сето она што го прикажаа момците во изминатите десет дена на тренинг, ми даваше надеж за позитивен резултат денес. Меѓутоа, денес противникот беше борбена второлигашка екипа, а ние не одговоривме ниту со агресија, ниту со карактер. Игравме многу бавно и безидејно“ – изјави Стојановски и дополни:
„Како тренер, им се извинувам на нашите навивачи за овој тежок пораз. Се надевам дека ова ќе биде една поука и поттик за сите нас, и дека ќе се насочиме кон првенството, кое е наш приоритет. Верувам дека ќе следуваат многу подобри партии“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

