Милан водеше, ама Јувентус го доби дербито во Торино

Италијанскиот првак Јувентус го совлада Милан со 2-1 во Торино и уште еднаш ја потврди доминацијата во Серија А оваа сезона. „Росонерите“ дојдоа во водство со голот на Пјонтек во 39.минута, но Пауло Дибала од пенал израмни во 60.минута. Победничкиот гол беше дело на младиот напаѓач Моисе Кин, кој ја погоди мрежата на Донарума во 84.минута.

Фудбалерите на Милан имаа жестоки реакции кон судијата Фабри, кој не досуди пенал откако Алекс Сандро играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Сепак, трите бода му припаднаа на актуелниот шампион.

Се вчитува...