Милан врза пет победи по ред – кој друг ако не Пјонтек

Милан ја забележа и петтата победа во низа во „Серија А“, славејќи со 1-2 на гостувањето против Киево и стигнувајќи до три бода со кои „росонерите“ се зацврстија на третото место на табелата.

Лукас Билја со евро-гол од слободен удар во 31. минута го донесе Милан во водство, а откако Киево израмни голот за победа на „росонерите“ го постигна Пјонтек. Домаќините се жалеа, беше употребена и ВАР-технологија, но голот беше признаен, а гостите од Милано знаеја како да ја задржат предноста до самиот крај и да стигнат до победата.

Избраниците на Џенаро Гатузо наредниот викенд ги очекува нов тежок предизвик, градско дерби против екипата на Интер.

 

Се вчитува...