Милан загуби од Рен но ќе игра осминафинале во ЛЕ, Карабах не издржа против Брага (ВИДЕО)

Милан сосема очекувано се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа и покрај поразот на реванш дуелот на гостувањето од Рен со 3-2. Сепак, убедливата победа од 3-0 од Милано пред седум дена ги однесе „росонерите“.

Рен до победата дојде со хет-трик на францускиот напаѓач Бенжамин Бурижо.

За Милан, пак, погодија Јовиќ во 22. минута и Леао во 58. минута, колку за чесен пораз.

Бенфика се пласираше во осминафиналето благодарение на денешното реми без голови на гостински терен против Тулуз. Откако пред седум дена на домашен терен славеше со 2-1.

Карабах и португалска Брага во продолженија ќе го одлучуваат патникот во следната рунда откако Карабах не успеа на домашен терен да ја сочува предност од 2-4 од пред седум дена од Португалија. Сега, Брага славеше со 0-2 во Азербејџан, па мечот ќе има продолженија.

Продолженија ќе играат и Фрајбург и Ленс по одиграните 2-2 вечерва, откако и првиот меч заврши без победник.

Се вчитува...