Милан зема „залет“, тргнува по Стерлинг, Иско и Асенсио

Милан размислува сериозно да се засили во летниот преоден рок откако е можно тимот да добие нови газди. Инвестициската компанија од Бахреин „Инвесткоп“ води преговори околу купување на клубот за 1 милијарда евра.

Според информациите на „Газета“, Милан летоска ќе тргне по најмалку три нови имиња. Станува збор за крилото на Манчестер Сити Рахим Стерлинг, потоа двајцата играчи на Реал Мадрид, Иско и Марко Асенсио.

Стерлинг веќе не е во плановите за првите 11 на Сити, па можно е на лето да ја смени средината, а Иско и Асенсио тоа веќе го имаат побарано откако не се ни блиску до стартниот тим на „кралевите“.

Како што претходно беше соопштено, Милан би можел да добие 300 милиони евра за нови имиња во текот на летото.

Се вчитува...