Милано слави: Интер ја победи Рома и се искачи на лидерското место во Серија А (ВИДЕО)

Италијанското дерби меѓу Интер и Рома во Серија А го добија „нероаѕурите“, откако успеаја на домашен терен да слават победа од 3-1 во рамки на 34. коло.

Тимот на Жозе Мурињо одлично го неутрализираше домаќинот до 29. минута, а потоа се појави Дензел Дамфрис, кој преку брза контра беше прецизен и ја затресе мрежата на „волчицата“ за 1-0. По десет минути игра на сцена стапи и Марсело Брозовиќ, Хрватот постигна маестрален погодок за два гола предност, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме Интер го запиша и тртиот гол, овојпат во листата на стрелци се запиша Лаутаро Мартинез во 52. минута. Супериорната игра на тимот од Милано владееше секаде на теренот, а ваквиот пристап кон мечот во целост ја неутрализираше „волчицата“. До крајот на мечот Рома постигна почесен гол преку Хенрих Мхитарјан во 85. минута.

Со оваа победа Интер се искачи на лидерското место во Серија А, но и со натпревар повеќе од Милан и Наполи. „Росонерите“ сега заостануваат само еден бод од својот градски ривал, па воопшто не смеа да направат кикс доколку сакаат да останат во борбата за титулата.

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517904117674430464/pu/vid/1280×720/f0HtlOCGYh-noug2.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517906560827207681/pu/vid/1280×720/wWtVEDbbIIZqyon7.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517914152630730752/pu/vid/1280×720/7Nb8aKRH-rSqZX35.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517922560566046720/pu/vid/1280×720/RM71ybRkVlSvyWm3.mp4?tag=12

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...